Турција

Турскиот министер Јерликаја: Завршена идентификацијата на терористите кои го извршија нападот во Анкара

„Ниту еден терористички напад не може да ја скрши нашата решителност. Тие не можат да ја заплашат нашата благородна нација“

Merve Berker  | 24.10.2024 - Обновена : 25.10.2024
Турскиот министер Јерликаја: Завршена идентификацијата на терористите кои го извршија нападот во Анкара

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, денес изјави дека е завршена идентификацијата на терористите кои беа неутрализирани во терористичкиот напад врз Турската воздушна индустрија (ТУБАШ) во Анкара, јавува Анадолу.

„Терористката неутрализирана во предавничкиот терористички напад на ТУБАШ е идентификувана како членка на ПКК, Мине Севјин Алчичек“, изјави Јерликаја.

Претходно мажот терорист беше идентификуван како Али Орек, со кодно име „Ројгер“, припадник на терористичката организација ПКК.

„Уште еднаш посакувам милост од Алах за нашите шехиди и брзо закрепнување на повредените“, рече Јерликаја.

„Ниту еден терористички напад не може да ја скрши нашата решителност. Тие не можат да ја заплашат нашата благородна нација“, додаде тој.

Најмалку пет лица загинаа, а 22 се повредени во вчерашниот терористички напад врз седиштето на ТУБАШ во Анкара.

Во својата повеќе од 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК - која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на 40.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.