Meryem Göktaş
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
АНКАРА (АА) - Од полициски извори се дознава дека бројот на загинатите лица во автобускaта несреќа на автопатот Ескишехир – Анкара, во централна Турција, се зголеми на шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворот кој зборуваше под услов за анонимност, изјави дека меѓу жртвите е и возачот на автобусот.
Во несреќата се повредени триесет и седум лица.
Автобусот патувајќи од Измир, изгуби контрола на околу 35 километри (21 милја) од Анкара, и удри во столб од мост, во 7.45 часот изутрина по локално време.
Причината за несреќата сѐ уште не е позната.