İsa Toprak
29 Август 2020•Ажурирај: 29 Август 2020
АНКАРА (АА) – Потпретседателот на Република Турција, Фуат Октај, во однос на активностите на Турција во Источниот Медитеран рече дека неискреност е тоа што Европската Унија (ЕУ) од една страна повикува дијалог, а од друга страна прави други планови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Октај, во изјавата објавена на својот профил на социјалните мрежи, нагласи:
„Неискреност е тоа што Европската Унија (ЕУ) од една страна повикува дијалог, а од друга страна прави други планови во однос на активностите на Турција во Источниот Медитеран. Ние добро го знаеме јазикот на мирот и дипломатијата, но нема да се двоумиме да го направиме тоа што е неопходно за заштитата на правата и интересите на Турција. Франција и Грција се меѓу тие кои најдобро го знаат тоа.“