Esra Tekin
27 Февруари 2025•Ажурирај: 28 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја прими Валентина Матвиенко, претседавачката со Советот на Руската Федерација, Горниот дом на рускиот Парламент.
Состанокот се одржа во Претседателскиот комплекс во турската престолнина Анкара, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије.
Претходно во текот на денот, претседателот на турскиот Парламент Нуман Куртулмуш, исто така, одржа средба со Матвиенко.