Emrah Güney
23 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските адвокати кои вчера беа приведени во Таџикистан, пуштени се на слобода и стасаа во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Член на здружението на адвокатите и член на управниот одбор на хуманитарната организација ИХХ Гулден Сонмез, член на Меѓународната унија на адвокари Емине Јилдирим, и нивниот преведувач Заур Бег стасаа во Истанбул.
Делегацијата од неколку членови сакаше да отпатува во Таџикистан со цел солидализирање со членовите на Унијата на адвокатите СИПАР уапсени во таа земја. По што шестчлената делегација стаса на аеродромот Ататурк за да отпатуваат во Душханбе, само на Сонмез и Јилдирим заедно со преведувачот им беше дозволено да отпатуваат.
Членовите на делегацијата вчера ги приведе таџикистанската полиција по разговор со семејствата и уапсените. Сонмез, Јилдирим и преведувачот се приведени синоќа во хотелот во кој престојуваа. Неколку здруженија на адвокати упатија повик на таџикистанската влада што побрзо да ги ослободи приведените лица.Сонмез додаде дека група на лица дојде да ги приведе, а кога ги запрашале кои се, разбраа дека се од разузнавачка служба.
"Се обидоа да не однесат, но пруживме отпор. Одбивме да влеземе во нивното возило. Бевме во притвор 12 саати на аеродром. Пасошот и мобилните телефони не ни беа дадени се додека не бевме влезени во авионот" рече Сонмез и додаде дека во Таџикистан отидоа за да го истражат случајот на адвокатите уапсени во Таџикистан поради нивното политичко уверување.
Таа додаде дека ја обавувале службената послета и дека за намерата како делегација во борба за човечки права да ги посетат уапсените претходно го информирале Главното обвинителство на Таџикистан. Сонмез истакна дека тие се адвокати кои ги бранат човековите права и дека нивната цел е поблиску да се запознаат со целта на случакот, како и да ги добијат потребните информации од нив како и од нивните семејства. Јилдирим рече дека не намеруваат да останат на ова туку сакаат што побрзо да се ослободат уапсените, како и дека доколку им се дозволи, пак ќе отпатуваат за да се состанат со уапсените.