Serdar Yılmaz
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
AЈДИН (АА) - Крајбрежната стража во градот Дидим во југозападниот дел на Турција извлече тела на четири лица кои ги загубија животите поради потонувањето на рибарски бродови со бегалци од Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (АА).
Меѓу загинатите лица има три деца. Со брза реакција успеале да спасат 43 лица, кои исто така се наоѓаа на бродот.
И оваа група на бегалци, како и многу други се обиделе нелегално од Дидим да преминат на грчките острови. Бродот потонал по дефект на моторот по што водата навлегла во чамецот, на кој имало околу 50 луѓе.
Во чамецот имало бегалци од Сирија.