Burak Dağ
10 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Најмалку 1.594 нерегуларни мигранти се задржани низ цела Турција во текот на изминатата недела, покажуваат податоците што Агенција Анадолија (АА) ги доби од безбедносни извори.
Во повеќе операции спроведени од жандармерските сили во северозападните турски области Едрене, Киркларели и Текирдаг, што граничат со Грција и Бугарија, се задржани 913 мигранти.
Според локалните безбедносни сили во Едрене, Грција неодамна ги интензивирала обидите за испраќање на нерегуларните мигранти во Турција, прекршувајќи ги на тој начин Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортура.
Во градовите на западното крајбрежје, Чанаккале, Баликесир, Ајдин и Измир, Турската крајбрежна стража и жандармерските сили фатија вкупно 512 мигранти во обид да преминат во Европа преку Грција.
Околу 23 мигранти, пак, се задржани од полицијата во главниот град Анкара.
Вкупно 17 нерегуларни мигранти се задржани во јужната област Мерсин.
Исто така, во источната област Ван, 49 мигранти изложени на ризик од хипотермија се однесени во болница.
Грција присилно испрати 80 мигранти во Едрене. Голем дел од нив, што биле изложени на ризик од хипотермија, се засолниле во кафуле.
Мигрантите биле државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Тунис, Кувајт, Мароко, Египет, Бангладеш, Индија, Алжир, Сомалија, Гана, Јемен, Палестина, Еритреја, Нигерија, како и Туркмени.
Мигрантите се однесени во болница за добивање медицинска нега или се пренесени во обласните канцеларии за миграции.
Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2019 година, во Турција биле задржани над 454.500 нерегуларни мигранти.
Турција е главна транзитна рута за нерегуларните мигранти кои имаат за цел да преминат кон Европа за да започнат нов живот, бегајќи од војна или прогон.