Utku Şimşek
14 Декември 2023•Ажурирај: 15 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Туркије неутрализира 43 терористи минатата недела, меѓу кои и терористи што се кријат преку границата во Ирак и во Северна Сирија, соопшти денес Министерството за национална одбрана, јавува Анадолу.
Терористичката организација ПКК/ЈПГ е одговорна за седум инциденти и напади во областите каде што се спроведуваат турските антитерористички операции минатата недела, по што 19 терористи се неутрализирани со итно дејствување на турските војници, изјави претставник на Министерството на брифинг за новинарите во главниот град Анкара.
Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК - којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије САД и ЕУ - е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и доенчиња.
Терористите на ПКК/ЈПГ често се кријат преку границата на Туркије во Северен Ирак и Сирија, каде што планираат напади врз турските сили или локалното население.
Во врска со илегалните премини во Туркије, како што рече претставникот на Министерството, благодарение на ефективните безбедносни мерки, минатата недела биле фатени 227 лица што се обиделе илегално да ги преминат границите на Туркије, меѓу кои седумина биле терористи.
Минатата недела 3.374 лица се спречени пред да ја преминат границата.
Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти што сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Земјата, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, презема нови мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.
- Заедничка вежба на САД-ПКК/ЈПГ во Сирија -
Во врска со прашањето за заедничката воена вежба на Соединтите Американски Држави (САД) и терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија, извори од Министерството рекоа дека внимателно ги следат активностите на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија.
„Нашето очекување од САД е да ги прекинат секоја помош и поддршка за оваа терористичка организација и да обезбедат искрена поддршка за нашата борба против тероризмот“, додаваат изворите.
- Односите помеѓу Туркије и Грција -
Во врска со моментната состојба на односите помеѓу Туркије и Грција по посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Атина минатата недела, изворите истакнаа: „Средбата за мерките за градење доверба, која се одржа во Анкара на 13 ноември, беше важен чекор за подобрување на нашите односи со Грција. Со овие состаноци продолжија разговорите меѓу делегациите, кои беа прекинати повеќе од две години.“
Започна планирањето за следната средба да се одржи во Атина, рекоа изворите.
„Состаноците за мерките за градење доверба имаат за цел да обезбедат продолжување на позитивната атмосфера и заемното градење доверба“, велат изворите, додавајќи: „И на последниот состанок беше постигнат позитивен развој.“