Dilara Hamit
16 Април 2023•Ажурирај: 17 Април 2023
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили во Источна Туркије убија двајца терористи, соопшти денес турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Анадолу.
Двајцата терористи се застрелани во судирите со безбедносните сили во областа Ван, напиша Сојлу на Твитер, додавајќи дека еден од нив бил баран од турските власти и се наоѓал во втората категорија барани терористи.
Листата на барани лица на Туркије е поделена во пет категории, црвената како категорија најбарани лица, а потоа следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија. Убиениот терорист се наоѓал на сината листа на барани.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.