İlker Girit
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража денес пронајде тело на 18-месечно машко бебе во Егејското Море, во близина на брегот на турската област Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
Телото е пронајдено додека припадниците на крајбрежната стража пресретнувале чамец што носел мигранти, изјави безбедносен извор кој сакаше да остане анонименост.
Телото на бебето, подоцна идентификувано како Реван Хасун, е префрлено на Институтот за судска медицина во Измир, поради аутопсија.
Изворот додаде дека тимовите на Крајбрежната стража фатија 76 мигранти недалеку од подрачјето на Дикили во Измир, во обид по морски пат да стигнат во Грција.
Седумдесет и четири лица од мигрантите се Сиријци, меѓу кои и деца, додека двајца мигранти се државјани на Демократската Република Конго.
Турската жандармерија, пак, приведе 65 странски државјани кои се сомничат за нелегална миграција во подрачјето на Дикили, пред да запловат во водите на Егејското Море.
Од задржаните 52 се Сиријци, деветмина Авганистанци и четири лица од Ангола.
Сите се предадени на властите за менаџирање на миграциите.