Турција

Турските разузнавачи неутрализираа висока терористка на ПКК/ЈПЈ која планирала самоубиствен бомбашки напад

„Терористката беше цел на операција во сирискиот регион Амуде, во близина на турската граница“

Gizem Nisa Çebi  | 08.10.2024 - Обновена : 09.10.2024
Турските разузнавачи неутрализираа висока терористка на ПКК/ЈПЈ која планирала самоубиствен бомбашки напад

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската Национална разузнавачка служба (МИТ) ја неутрализира Хезал Белге, висока терористка на терористичката организација ПКК/ЈПГ, која планирала самоубиствен бомбашки напад во Туркије, известија безбедносни извори, јавува Анадолу.

„Терористката беше цел на операција во сирискиот регион Амуде, во близина на турската граница“, истакнаа изворите.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.