Orhan Onur Gemici
15 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили во последните три дена реализираа операции во 36 различни подрачја низ земјата против терористичката организација ПКК/КЏК, во чии рамки се приведени 245 осомничени лица, а исто така реализираа и операции во 25 различни подрачја против терористичката организација ДЕАШ, во чии рамки се приведени 146 осомничени лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, реализирани се операции во различни подрачја низ земјата против терористичките организации ПКК/КЏК и ДЕАШ.
Се вели дека во последните три дена реализирани се 63 операции во 36 различни подрачја низ земјата против терористичката организација ПКК/КЏК, во чии рамки се приведени 245 осомничени лица.
Исто така, реализирани се 44 операции во 25 различни подрачја против терористичката организација ДЕАШ, во чии рамки се приведени 146 осомничени лица.
Според соопштеното, операциите се сѐ уште во тек.