Enes Kaplan
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 11 терористи на ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Република Турција објави дека терористите биле неутрализирани за време на обидите за терористички активности на територијата што претходно беше ослободена со операцијата „Извор на мирот“.
„Нема премин за терористите. Нашите храбри војници спречија уште еден обид за саботажа и напади од терористите на ПКК/ЈПГ“, се вели во соопштението.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.