Betül Yürük
23 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека нема да ги остават муслиманите Рохинџа на сопствената судбина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамки на 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се одржа онлајн состанок на високо ниво во врска со состојбата на муслиманите во Аракан.
Чавушоглу преку својот профил на Твитер објави коментар во врска со тоа.
„Треба да продолжат работите за доброволно, безбедно, чесно и одржливо враќање на Рохинџите“, рече Чавушоглу.
„Никогаш нема да ги оставиме муслиманите Рохинџа на сопствената судбина“, додаде шефот на турската дипломатија.