Jeyhun Aliyev
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турски воени авиони неутрализираа 14 терористи на терористичката организација ПКК во северен Ирак, соопшти денес официјален претставник од турското Министерство за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во воздушна операција во регионот на Зап, изведена доцна синоќа, неутрализирани се терористи кои се криеле во пештера“, изјави полковник Тамер Зинџир за новинарите во главниот град Анкара.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и многу жени и деца.