Meryem Göktaş
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
АНКАРА (АА) - 14. по ред обука за воено новинарство на Anadolu Agency (AA) продолжи и денес под надзор на Новинската академија на Агенцијата.
12-дневната програма започна на 22 април и ќе трае до 3 мај.
Учесниците, меѓу кои и дописници од Агенцијата од различни региони и тројца новинари од Сирија, се обучуваат од страна на Турската армија, полицијата, службите за итни случаи и јавните институции со седиште во Анкара.

Дописниците продолжија со обуката во Управата за катастрофи и вонредни состојби (AFAD), а беа изложени на чад од димни бомби и солзавец за време на обуката во Полициската академија.
Мустафа Чифтчи, дописникот на AA од Анталија, кој учествуваше на обуката, рече дека обуката е суштинска за оние кои работат во воените зони.

„Обуката за воено новинарство е многу значајна во нашата професија, учиме како да дејствуваме на терен, и добиваме корисно теоретско и практично знаење како да преживееме во тешки услови“, рече тој.
Хомам Дас од Сирија, пак, истакна дека програмата е тешка, но многу продуктивна.
Нагласувајќи дека живее и работи под тешки услови во Сирија, Дас рече дека обуката многу ќе му користи.

Предметите како прва помош, преживување при хемиски и биолошки напади, техники за преживување во вода и напредни техники за возење - исто така беа дел од обуката во првите седум дена од тековната програма.
12-дневната програма се разликува од другите програми за обука во однос на времетраењето, теоретските и практичните часови на курсот.
На успешните учесници ќе им бидат доделени меѓународно признати сертификати.