Yeşim Sert Karaaslan
09 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
Турските сили неутрализираа тројца терористи во северните делови на Ирак и Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека ефективно и решително продолжува борбата против тероризмот.
Според соопштеното, терористите неутрализирани во Ирак се припадници на терористичката организација ПКК, а терористот неутрализиран во Сирија е припадник на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
„Неутрализирани се двајца терористи на ПКК во зоната каде што беше реализирана операцијата Канџа-Молња во северниот дел на Ирак, и еден терорист на ПКК/ЈПГ кој изврши обид за напад во зоната каде што беше реализирана операцијата Извор на мирот (во северниот дел на Сирија)“, се нагласува во ова соопштение.