Metin Özmen
07 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
БАТМАН
Истражувачите во југоисточна Турција повторно открија критично загрозена риба, незабележана од луѓе околу 50 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
По повторното откривање на зебрестата риба (зебра Лоуч) (Paraschistura chrysicristinae), Џунејт Каја, биолог специјализиран за рибарство на Универзитетот „Реџеп Таип Ердоган“ и Муневер Орал, научен соработник на истиот универзитет во југоисточната област Батман, на новинарите им рекоа дека тоа е еден од 10-те најбарани видови риби во светот.
Споделувајќи ја радоста поради откритието, Каја рече: „Тоа беше навистина многу среќен момент. Нашата следна цел е да ја заштитиме оваа риба и да ја пренесеме на идните генерации.“
Тој нагласи дека малата риба со жолто-кафеави пруги „живее во многу тесна зона“ и е сѐ уште многу загрозен вид.
„Планираме да спроведеме акции за подигање на свеста за заштита на рибата во регионот“, додаде тој.
„Ние откривме вид риба која ја немаше околу 47 години и за која долго време се мислеше дека е исчезната“, рече Орал.
Потврдувајќи дека нивното истражување покажува дека зебрестата риба долго постоела во природата и не изумрела, Орал рече дека можеби не ја забележале бидејќи користеле погрешна опрема или евентуално исчезнала во водите на локалната брана.
Во меѓувреме, локалниот функционер Мурат Мете рече дека повторното откривање на рибата ќе создаде нова свесност во областа на биодиверзитетот.
Велејќи дека откритието создало значаен впечаток во странство, Мете ја истакна неговата континуирана поддршка за истражувањето на Каја и Орал.