Yeşim Sert Karaaslan
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Пет терористи на ПКК се неутрализирани при воздушните операции на Турските вооружени сили во регионот Хакурк, во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за национална одбрана, како резултат на координирана активност помеѓу Турските вооружени сили (ТСК) и Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ), спроведена е воздушна операција во регионот Хакурк, во северен Ирак.
Во рамките на операцијата неутрализирани се 5 терористи на ПКК кои се идентификувани во регионот.
Терористите на ПКК го користат северен Ирак како база за планирање на прекуграничните терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.