Aybüke İnal Kamacı
10 Септември 2021•Ажурирај: 10 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку шест припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во рамките на операцијата „Канџа-гром“, која турските сили ја спроведуваат во северен Ирак, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на турското Министерство за одбрана се наведува дека турските сили ја продолжуваат успешната операција во северен Ирак.
„Шест терористи на ПКК, лоцирани во северен Ирак, беа неутрализирани како дел од операцијата „Канџа-гром““, се наведува во соопштението.
Турските безбедносни сили водат обемна борба против терористите на ПКК во внатрешноста на Турција, но и во соседните Ирак и Сирија. ПКК е сепаратистичка организација на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.