Halil Demir
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција се приведени седум припадници на терористичката организација ДЕАШ, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничените беа вклучени во разни активности за терористичката организација и исто така и обезбедуваа финансиска поддршка“, велат изворите кои побараа да останат анонимни.
Тие беа уапсени во истовремени операции во Истанбул, Маниса и Хатај.
„Во рациите се запленети голем број дигитални материјали и организациски документи“, додаваат изворите.
Во 2013 година Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш земјата повеќепати беше цел на напади на терористичката организација, во кои животот го загубија над 315 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 оружени напади.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да ги спречи понатамошните напади.