Mümin Altaş
26 Септември 2021•Ажурирај: 27 Септември 2021
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција објави дека се неутрализирани 6 терористи на ПКК/ЈПГ, за кои беше утврдено дека се подготвуваат да изведат напад во регионот на операцијата „Извор на мирот“, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се вели: „Уште еден обид за напад од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ беше неуспешен. 6 терористи на ПКК/ЈПГ, за кои е утврдено дека се подготвувале да изведат напад во регионот на операцијата ‘Извор на мирот’, се неутрализирани благодарение на интервенцијата на нашите командоси.“
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранот на терористичката организација ПКК.