Faruk Zorlu
06 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
АНКАРА (АА) – Турските сили неутрализираа осум терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се неутрализирани додека се подготвувале да извршат напади во зоните на операциите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, соопшти турското Министерство за национална одбрана преку Твитер.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку турската граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.