Ferdi Türkten
05 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 5 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Неутрализирани се 5 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ со цел да ја нарушат атмосферата на мир и безбедност“, се истакнува во соопштението на турското Министерство.
Терористите, како што се наведува во соопштението, се неутрализирани од страна на командосите.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.