Seda Sevencan
05 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
ЕЛАЗИГ (АА) - Вчерашниот кобен пад на армискиот хеликоптер во турската област Битлис, источна Турција, можно е да е предизвикан од неповолните временски услови, изјави рано утрово турскиот министер за одбрана на Турција, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Врз основа на првичните информации и изјавите на сведоците, се смета дека несреќата се случила поради ненадејно менување на временските услови“, рече Акар во Командата на 8. Корпус во областа Елазиг.
Тој нагласи дека точната причина за несреќата ќе се утврди по деталната истрага што ќе започне во текот на денот.
Наведувајќи дека во несреќата животот го загубиле 11 лица, а двајца се повредени, Акар рече дека повредените се лекуваат во болница и се во добра здравствена состојба.
Турскиот министер изрази сочувство до семејствата на 11-те загинати војници, меѓу кои и командантот на Корпусот, а на повредените им посака брзо закрепнување.
Контакт со воениот хеликоптер од типот „Кугар“, кој полета од Бингол кон подрачјето на Татван во Битлис, вчера во 13:55 часот по локално време се изгуби во 14:25 часот.