Faruk Zorlu
06 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите во подрачјето на Тел Рифат беа неутрализирани откако беа откриени како ги напаѓаат земјоделците кои берат маслинки во Азаз, во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, соопшти Министерството преку Твитер.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.