Ömer Olcay
18 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
АНКАРА (AA) - Турските сили одговорија на оганот кој терористите во Африн, во Сирија, го отворија кон припадниците на Вооружените сили на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Република Турција објавено на социјалната мрежа Твитер се наведува дека терористите на ПКК/ЈПГ од Тел Рифат отвориле оган кон припадниците на турските сили кои се наоѓаат во Африн, на што адекватно е одговорено.