Ömer Olcay
22 Јануари 2020•Ажурирај: 25 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека четворица терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ се фатени во siriski Тел Абјад, а нивната опрема и оружје се запленети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на ова министерство, во Тел Абјад, кој се наоѓа во зоната каде што беше реализирана турската операција „Извор на мирот“, извршени се операции во куќите во кои се криеле терористите на ПКК/ЈПГ.
Во рамките на овие операции, фатени се четворица терористи на ПКК/ЈПГ, а запленети се 3 калашникови и 15 шаржери за нив, еден пиштол, 13 компјутери, 3 милиони и 990 сириски фунти и бројна опрема.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.