Aykut Karadağ
19 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција истакна дека азербејџанската Армија продолжува да ѝ возвраќа на Ерменија на линијата од фронтот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Херојската азербејџанска Армија на линијата на фронтот продолжува да ѝ возвраќа на Ерменија, која напаѓа цивили и покрај примирјето“, се вели од Министерството.
Се додава дека со освоените 13 села, бројот на ослободени населби од окупацијата достигна вкупно 78.