Diyar Güldoğan
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Амбасадорите на Русија и Иран во Анкара повикани во Министерството за надворешни работи на Турција поради нападите на режимот на Асад во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, Министерството за надворешни работи на Турција ги повика на разговор рускиот амбасадор Алексеј Јеркхов и иранскиот амбасадор Мохамад Ибрахим Тахеран Фард поради „вознемиреност" по нападите на сирискиот режим во градот Идлиб.
Потсетуваме, во експлозиите изведени изведени во Идлиб во недела, до сега страдале најмалку 32 лица, а повеќе од 100 лица се ранети.
Директорот на Цивилна засштита во Идлиб, Мустафа Хај Јусуф за АА изјави дека 32 лица загинаа во четири експлозии до кои дојде на населено подрачје во Идлиб во кој бил паркиран и голем број возила.
Функционерите истакнуваат дека постои можност екплозиите да се изведени со активирање на автомобил бомба.
Идлиб и околината на состанокот во Астана одржан минатата година, се прогласени за зона на деескалација на судири. Сепак, припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и Русија повремено го кршат примирјето.