Diyar Güldoğan
17 Октомври 2023•Ажурирај: 18 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи остро го осуди израелскиот воздушен напад врз болница во Газа, како последица на кој загинаа стотици луѓе, пренесува Анадолу.
„Длабоко сме огорчени што стотици Палестинци ги загубија животите и многу други беа повредени како резултат на денешното гаѓање на болница во Газа и најостро ги осудуваме овие варварски напади“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Туркије.
„Им посакуваме милост на нашите браќа и сестри Палестинци кои ги загубија животите во нападите и брзо закрепнување на ранетите“, се вели во соопштението.
„Неизбежно е менталитетот што директно ги таргетира цивилите и ги погодува болниците и училиштата да одговара пред меѓународното право и совест“, се додава во ова соопштение.
Инаку, над 500 луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Појасот Газа вечерва, изјави портпаролот на Министерството за здравство Ашраф ал-Кудра за Анадолу.
На снимките се гледаат трупови расфрлани низ болницата.
Палестинската група Хамас нападот на болницата од страна на Израел го опиша како „геноцид“.