?????
20 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Истакнат американски медицински центар ја сопре програмата за трансплантација на бубрези од живи донатори по минатомесечниот смртен случај во болницата, јавува Anadolu Agency (AA).
Донаторот во месец октомври му дал бубрег на пациент во Медицинската универзитетска болница Калифорнија, Сан Франциско, а починал месец дена после тоа. Болницата и регулаторните официјални лица сè уште ги истражуваат причините за смртта.
Лекарот Стивен Кацнелсон вработен на Одделот за трансплантација, последниот случај го нарече "сценарио од најлошата ноќна мора".
"Ние за тоа се грижиме секојдневно. За здраво лице кое подлегнува на генерална анестезија, секогаш постои ризик. Раководството на универзитетската клиника тврди дека бубрегот кај примателот работи сосема нормално", рече Кацнелсон.
Најголемиот дел бубрези кои се користат за трансплантација доаѓаат од починати донатори, додека подобри резултати покажале бубрезите од живи донатори. Во десет илјади случаеви на трансплантација на бубрези од такви донатори, три завршуваат со смрт.
Американската Мрежа за набавка на органи и трансплантација, од 2014 година има регистрирано четири смртни случаи на живи донатори, вклучувајќи ја последната на универзитетската клиника.
Од тој медицински центар истакнуваат дека изведувале повеќе трансплантации на органи од било која друга клиника во Соединетите Американски Држави. Како што кажаа, лекарите од таа установа изведуваат околу 350 трансплантации на бубрези годишно, од кои 150 се трансплантации на бубрези од живи донатори.
Наведоа дека се прекинува програмата на донирање органи, но дека ќе се продолжи со пресадување на бубрези од починати пациенти.