Nazlı Yüzbaşıoğlu
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, ги негираше тврдењата дека хеликоптерот што го превезувал грчкиот министер за одбрана, Никос Панагиотопулос, бил вознемируван од турските воени авиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Аксој даде писмен одговор на прашање упатено до Министерството.
Изјавувајќи дека турските борбени авиони во рамките на нивните рутински активности во Егејот вршат и задачи за идентификација, портпаролот Аксој нагласи:
„Не станува збор дека е вознемируван хеликоптерот на почитуваниот министер за одбрана. Не е од корист за земјата обидот да ескалира тензијата со драматизирање на рутинските летови. Наместо тоа, овие прашања треба да се решат во процес на градење доверба инициран меѓу министерствата за одбрана на двете земји.“