АНКАРА
Турција, како 67-годишна членка на НАТО, продолжува да ги нуди своите вредности како што ги нудеше досега. Турција се наоѓа помеѓу 5-те земји, кои дадоа широк придонес во мисиите и операциите на НАТО. Покрај тоа што е домаќин на Командата на копнените сили на НАТО, вклучена е и во мисиите на НАТО во Косово и Ирак и во многу други активности на НАТО.
Северноатлантската алијанса позната како НАТО, формирана е во 1949 година од страна на основачките членки Белгија, Канада, Данска, Франција, Англија, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија и САД.

Во моментов организацијата брои 29 члена. Турција и Грција се приклучија во организацијата во 1952 година, Германија во 1955 година, Шпанија во 1982 година, Чешка, Унгарија и Полска во 1999 година, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија во 2004 година, Хрватска и Албанија во 2009 година, а Црна Гора стана членка во 2017 година.
Турција, со членството од 67 години, е земја која има дадено најголем придонес на организацијата меѓу сојузниците. Турција учествува во многу мисии и активности за поддршка на воените и цивилните капацитети на НАТО, и има значајна позиција во борбата против тероризмот на чело со терористичките организации како што се ПКК, ПЈД/ЈГГ/ПКК, ДЕАШ и ФЕТО, кои се една од главните закани на НАТО.
- Се наоѓа во првите 5 учесници во мисиите на НАТО
Турција се наоѓа меѓу петте сојузници кои обезбедуваат одржлива и сеопфатна поддршка на мисиите и операциите на НАТО. Во организацијата придонесува со 1.100 лица и со буџет од околу 90 милиони евра, со што се наоѓа меѓу првите 8 сојузници кои придонесуваат најмногу.
Во Кабул во Авганистан, во рамките на Мисијата за стабилна поддршка, Турција ја исполнува улогата на „Земја рамка“. Другите рамковни земји во Авганистан се Германија, САД и Италија. Турција, исто така, до крајот на 2019 година ја презеде одговорноста за безбедноста и функционирањето на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“. Турција има вкупно 570 војници кои учествуваат во рамките на Мисијата на НАТО во Авганистан.
Турција даде голем придонес и на Мисијата на НАТО во Косово, позната како КФОР. Во Мисијата на КФОР учествува со 280 војници.
Турција, исто така, има важна улога во Мисијата на НАТО во Ирак. Во оваа мисија, по Канада, втора земја што даде најголем придонес е Турција. Во моментот Турција има 30 војници во Мисијата на НАТО во Ирак.
Турција нуди постојан придонес за Мисијата на НАТО за поддршка на мирот во Медитеранот, и исто така со еден брод за истражување и контрола учествува во обезбедување поддршка за меѓународните напори за спречување на нелегалната миграција во Егејското Море.
- Извршува лидерски задачи и е домаќин на клучни капацитети
Турција истовремено во НАТО има и лидерски задачи. Во тие рамки, водечките елементи на Заедничката работна група за подготовка на многу високо ниво во 2021 година ќе бидат во организација на Турција, чии водечки елементи со големина на бригада ги претставуваат Засилените сили на НАТО за реакција (eNRF).
Турција е домаќин на клучни седишта и објекти на НАТО, а со своите голем број способности дава придонес за организацијата.
Турција е домаќин на Седиштето на Командата на копнените сили на НАТО (LANDCOM) во Измир, а во рамките на инфраструктурата на НАТО за одбрана од балистички проектили, во Ќуреџик/Малатја се позиционирани радари.
Авионите AWACS, кои се дел од силите на НАТО, можат да ја користат воздухопловната база „Конја“, а Турција, во рамките на глобалната борба против ДЕАШ, ја дава својата поддршка во надополнувањето со гориво на авионите AWACS во својот воздушен простор.
Турција обезбедува можност за надополување на гориво во воздух и за авионите AWACS на НАТО кои Алијансата ги користи за спроведување безбедносни мерки во Источна Европа. Истовремено националните авиони AWACS му обезбедуаат поддршка за НАТО.
- Покрај воената поддршка и цивилен придонес
Турција со националните активности „Операција за хармонија во Црното Море“ и „Штитот на Медитеранот“, учествува во дефинирањето на морската слика на Алијансата и дава поддршка во структурата за одвраќање и одбрана.
Турција постојано им ја дава својата поддршка на Втората група на Постојаните поморски сили на НАТО (SNMG-2) и Втората група на Постојаните сили за превеција од мини (SNMCMG-2).
Во рамките на поддршката на цивилните капацитети на НАТО, Турција ја нуди својата поддршка преку своите цивилни експерти, а истовремено ја има лидерската позиција во спроведувањето на политиката на отворени врати на НАТО и развивањето на односите на НАТО, особено меѓу партнерите од Балканот, Кафказот и Блискиот Исток.