Meryem Göktaş
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
АДАНА (АА) - Четири осомничени лица се во притвр откако повеќе од 100 килограми хероин се пронајдени во автобус во јужната турска област Адана, наведе полициски службеник, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извор од полицијата, кој сакаше да остане анонимен, додаде дека полицајците, и припадниците на одделот за борба против криумчарење и одделот за организиран криминал, дејствувале откако добиле дојава да го запрат возилото, кое тргнало кон источната област Ван.
Во пакетите кои се наоѓале скриени во преградата под помошното седиште, пронајдени се 108 килограми хероин и 120 кутии цигари.