Cankut Taşdan
26 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили во Анкара приведоа девет лица поради сомнеж дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Одделот за борба против тероризмот при полицијата во Анкара започнаа акција против неколку лица поради сомнеж дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ и странските боишта.
Издаден е налог за апсење на десет лица, а во акциите се уапсени девет лица, државјани на Ирак.
Приведените лица по лекарскиот преглед се префрлени во просториите на полицијата, каде што ќе бидат процесуирани.