İbrahim Yozoğlu
16 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
САКАРЈА
Најмалку пет ирачки државјани се уапсени во турскиот град Сакарја во акција против терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на истрагата која ја водеше Републичкото обвинителство во Сакарја е утврдено дека на подрачјето на градот се наоѓаат пет ирачки државјани поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Станува збор за пет лица за кои постојат информации дека биле вклучени во борбите во редовите на ДЕАШ.
Во акцијата која ја спроведоа припадниците на антитерористичкиот тим на турската полиција, пет осомничени лица се приведени, криминалистичката обработка е во тек.