Mesut Varol,Özkan Bilgin
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
ВАН (AA) - Месут Варол - Озкан Билгин -
Во Ван, провинцијата на југоистокот на Турција, во април е измерена снежна покривка во висина од седум метри, јавува Anadolu Agency (AA).
Призорот на собраниот снег покрај патот во април го шокираше дури и локалното население кое навикна на снег и зимски услови во овој дел на Турција.
Снегот предизвика и бројни проблеми во сообраќајот.
Еден од учесниците во сообраќајот беше и Ајдин Таракчи кој за АА рече дека патот Бахчесарај во Ван секоја година ги затвора вратите поради снежните наноси. Потсети дека зимите во овој дел на Турција се долги и јаки.
„Моментално луѓето се бањаат во Анталија, а ние сеуште тргаме со ланци на гуми на автомобилите. Влеговме во последната недела во април, а сеуште се бориме со снегот", раскажа Ајдин Таракчи.
Дека снегот и во април предизвикува проблеми на жителите на овој крај се сложи и Сабри Јајла. Укажа и на голема опасност од лавини, кои се чести во овој крај. Во април во лавина загуби роднини.