Handan Kazancı
21 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца турски вјници се убиени во напади на припадниците на сепаристичката организација ПКК на југоистокот на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека траат антитеросристичките операции на југоистокот на земјата, а еден војник починал во болница откако бил тешко ранет во вооружениот напад на припадници на ПКК во градот Идил, во покраината Ширнак.
Вториот инцидент денес се случи во градот Сур во покраината Дијарбакир. Терористите отвориле оган на воена патрола и притоа раниле тројца војници. Двајца потешко ранети војници им подлегнаа на повредите во болница, додека третиот е хоспитализиран со прострелни рани здобиени од нападот.
Турските сили за безбедност кон средината на декември минатата година покренаа опсежни антитерористички акции на југоистокот на земјата поради тоа што терористите на ПКК ги интензивираа активностите од јули минатата година. Досега во тие акции загинаа најмалку 270 припадници на турските безбедносни сили а убиени се неколку илјади терористи.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската унија и САД.