İzzet Mazi
21 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
КИЛИС (АА) - Турскиот министер за одбрана, Исмет Јилмаз, порача дека Турција нема да се двоуми за преземање на сите потребни мерки за заштита на сопствените права и безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Јилмаз и турскиот министер за водостопанство и шумарство, Вејсел Ероглу, престојуваат во службена посета на пограничниот југоисточен град Килис, каде е организиран свечен прием од страна на градоначалникот на Килис, Хасан Кара.
Во разговор за АА, министерот Јилмаз истакна дека имал можност на терен да ја види изградбата на безбедносниот ѕид на турско-сириската граница.
„Сите безбедносни мерки во пограничниот појас продолжуваат. Станува збор за гранична линија долга 911 километри, а до средината на оваа година ќе биде завршена изградбата на 250 километри од безбедносниот ѕид. Со развојот на технологијата, секако, ќе воведуваме и нови мерки и се надеваме дека изградбата на ѕидот, поставувањето на оградата, надзорните камери, надзорот од балон и поставувањето на сензори ќе допринесе за максимална безбедност на животите и имотот на нашите граѓани”, рече Јилмаз.
Долж границата со Сирија, Турција гради безбедносен ѕид во провинциите Мардин, Шанлиурфа, Газиантеп, Килис и Хатај, а целта на тој потфат е поефикасна контрола на границата.