Kaan Bozdoğan
13 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ДИЈАБАКИР (АА) - Во експлозија која се случи вчера во Сур, покраината Дијабакир, која се наоѓа на југоисточниот дел на Турција, загинаа четири а повредени се 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Помеѓу повредените, две лица се со тешки повреди.Тие се пренесени во болницата на Медицинскиот факултет на универзитетот Дикле.
Силна експлозија се случи на неколку локации во Сур. Причинета е материјална штета на возилата и стамбените објекти во близина на кратерот.
Експлозијата предизвика кратер широк 20, а длабок четири метри. Деловите на возилата пронајдени се на далечина од десетина метри.