Bestami Bodruk
19 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
ЕЛАЗИГ (АА) - Во градот Елазиг, во источна Анадолија, Турција, се оддржува протестен марш под името „Осуда на тероризмот“, по вчерашниот напад на припадниците на терористичката организација ПКК на полициската станица во тој град, во кој загинаа тројца полицајци, а беа ранети 217 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите го извршија овој напад со помош на автомобил-бомба. На протестниот марш организиран од страна на градот и општината Елазиг беше и Халиме Ар`ч, која во изјавата ги осуди терористичките напади.
„Оваа земја не го заслужува тоа. Турција не заслужува терористички напади“, изјави Ар`ч.
Ѓокмен Арслан порача дека терористите не можат да ја поделат Турција, ниту Елазиг, а потоа им се заблагодари на сограѓаните на поддршката за демонстрациите.
„Тука сме да ја поддржиме нашата полиција и Елазиг. Што и да направите, Елазиг ќе преживее и ќе стане посилен, порача Арслан.
Дека во ваквите моменти треба да се дејствува како еден, е мислењето и на 74-годишниот учесник на демонстрациите, Мехмет Полат, а четири години помладиот Фатих Улген изјави дека постојат многу терористички организации коишто од странство и однатре ја напаѓаат Турција.
„Мораме да бидеме едно, претставниците на партиите треба да се состанат и треба да ги победиме терористите. Ние сме потомци на Османлиите. Треба да се сакаме и да се почитуваме едни со други. Треба да ја поддржиме Владата. Доколку бидеме едно, можеме да ги спречиме терористите“, порача Улген.
Фатик Бакир изјави дека сите граѓани на Елазиг треба да бидат едно срце и еден глас.
„Сигурно не сакаме луѓето да страдаат. Сите го осудуваат тероризмот. Секогаш бевме на страната на жртвите и секогаш ќе бидеме. Тероризмот, за жал, дојде и во нашиот град, три полицајци загинаа. Бог да им подари рај“, изјави Бакир.