Ahmet Gençtürk
22 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
АНТАЛИЈА (АА) - Најмалку 16 лица за кои постои сомнение дека се поврзани со терористичката ФЕТО, организација која стои зад обидот за државен удар во Турција во 2016 година, се приведени во серија операции во турската медитеранска област Анталија, соопштија денес полициски извори, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според изјавата на претставник на полицијата, во Анталија, во рациите спроведени во периодот од 14 до 20 декември откриени се 16 осомничени припадници на ФЕТО.
Двајца осомничени се испратени во други турски области каде што против нив се води кривична постапка, додека еден осомничен е задржан во притвор.
Што се однесува до останатите осомничени, десет од нив се ослободени по налог на обвинителот, а тројца се пуштени со кауција.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), на 15 јули 2016 година, изведе неуспешен обид за државен удар во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања насочена кон соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.