Uğur Aslanhan
07 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција се очекува да заврши со изградбата на седум метро линии во Истанбул до 2023 година, изјави турскиот министер за транспорт, Адил Караисмаилоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Караисмаилоглу за новинарите во Истанбул изјави дека 91 километар од градот е покриен со нови метро линии.
„Исто така, започнуваме со изградба на уште две метро линии во должина од 13,5 километри - и ги завршуваме сите во 2023 година“, рече тој.
Турскиот министер истакна дека кога ќе бидат завршени новите проекти, железничката мрежа во Истанбул ќе се прошири од 260 километри на 364,5 километри.
Метро линиите за аеродромот „Истанбул“ ќе бидат завршени до крајот на следната година, додаде Караисмаилоглу.
Новиот аеродром во Истанбул започна да ги опслужува патниците во април 2019 година.