İsmet Karakaş
04 Февруари 2022•Ажурирај: 05 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку 47 терористи во јануари, соопшти денес турскиот заменик-министер за внатрешни работи, Исмаил Чатакли, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чатакли, меѓу другите прашања, ги информира новинарите во главниот град Анкара и за тековните антитерористички операции.
„Вкупно 13 терористи се предадоа на турските безбедносни сили во операции спроведени во јануари“, рече тој, „а најмалку пет терористички напади беа спречени.“
Замени-министерот рече дека од неутрализираните терористи, 38 ѝ припаѓаат на ПКК, додека другите се од редовите на екстремно левичарските групи и ДЕАШ.
Давајќи дополнителни детали, Чатакли рече дека 7.795 операции биле спроведени во руралните области, додека 1.315 во урбаните центри.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
- Мигранти -
Осврнувајќи се на 19-те нерегуларни мигранти, кои беа истуркани назад од Грција во Турција и се смрзнаа до смрт, Чатакли рече дека инцидентот е симбол на апатијата кон проблемот.
„Она што замрзна не беа само мигрантите, туку и европските вредности и хуманост“, рече тој.
Чатакли, исто така, повтори дека Грција систематски ги прекршува меѓународното право и води нехумана политика во однос на нерегуларната миграција.
„ЕУ, занемарувајќи ги политиките на Грција, стана соучесник во нејзините злосторства против човештвото“, додаде тој.
Безживотните дела на вкупно 11 нерегуларни мигранти беа најдени во средата во северозападната провинција на Турција, Едрене, која граничи со Грција. Еден мигрант почина подоцна во болница.
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, рече дека на нерегуларните мигранти кои беа истуркани назад на турската територија, им била земена облеката и обувките од грчките гранични единици.
Наредниот ден, 7 други нерегуларни мигранти беа најдени мртви во истиот регион, зголемувајќи го билансот на починати на 19.
Грција истакна дека изјавите на турските власти се неосновани тврдења и наведе дека нерегуларните мигранти никогаш не стигнеле до [грчката] граница.