Mesut Varol
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
ВАН (АА) - Со почитување на мерките за превенција од ширењето на коронавирусот, во средновековната ерменска црква на турскиот остров Акдамар се одржа молитва којашто се одржува еднаш годишно, јавува Агенција Анадолија (AA).
Апостолската црква „Св. Крст“ е сместена на островот Акдамар во езерото Ван во истоимената турска област.
Турските власти пред десетина години го обновија тој споменик на културно-историското наследство, каде што еднаш годишно се одржува молитва.
Осмата молитва во црквата ја водеше ерменскиот патријарх Сахак Машалјан, а поради мерките за борба против пандемијата на Ковид-19 на островот стигнаа ограничен број верници.
На настанот на островот Акдамар присуствуваа и гувернерот на областа Ван, Мехмет Емин Билмз, генералниот директор на вакафот, Бурхан Ерсој, и други претставници.