Gözde Bayar
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 3.547 нерегуларни мигранти беа задржани низ Турција изминатата недела, покажуваат податоците што Агенција Анадолија (АА) ги доби од безбедносни извори.
Турската жандармерија фати 1.601 мигрант во северозападната област Едрене, која се граничи со Грција и со Бугарија.
Според локалните извори во Едрене, Грција ги интензивира напорите за испраќање на нерегуларните мигранти во Турција, прекршувајќи ги Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортурата.
Во крајбрежните градови Мугла, Чанаккале, Измир, Баликесир, Мерсин и Ајдин, турската Крајбрежна стража и жандармериските сили фатија над 1.500 мигранти.
Турција е клучна транзитна рута за нерегуларните мигранти кои имаат за цел да преминат во Европа, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Во северозападните турски области Киркларели и Текирдаг, вкупно 235 мигранти беа задржани од страна на жандармериските сили.
Вкупно 68 нерегуларни мигранти, пак, се фатени во главниот град Анкара.
Во источните области Малатја и Ерзинџан полицијата задржа 30 нерегуларни мигранти.
Дополнително, 69 мигранти се фатени во југоисточната област Дијарбакир.
Мигрантите се државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Иран, Авганистан, Мароко, Египет, Бангладеш, Сомалија, Јемен, Палестина, Мали, Габон, Сенегал, Бурунди, Камерун, Ангола, Либија, Либан и Јужна Африка.
Сите мигранти задржани во текот на изминатата недела или се хоспитализирани за медицинска нега или се префрлени во обласните центри за миграции.
Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година задржани се 268.000 нерегуларни мигранти.
Турскиот министер за внатрешни работи соопшти дека досега оваа година задржани се 336.707 нерегуларни мигранти.