Ahmet Gençtürk
17 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турција го осуди терористичкиот напад во Мали во кој загинаа 33 војници, а 14 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Остро го осудуваме овој напад. Упатуваме искрено сочуство до пријателскиот и братски народ и Владата на Мали, како и до семејствата и роднините на оние кои ги загубија своите животи. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Вооружените сили на Мали денес потврдија дека 33 војници се убиени, а 14 се повредени во заседа која се случи во Гао, северниот дел на Мали.