Yusuf Okur,Yener Dedeoğlu
17 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
АРТВИН
Пожарот зафати голем број куќи на подрачјето на селото Дереичи во областа Артвин, на северниот дел на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според првичните податоци, сѐ уште не е утврдена причината за пожарот кој изби во една куќа. Противпожарните екипи се на терен, а пожарот брзо се прошири и на други куќи во тоа подрачје.
Заменик министерот за внатрешни работи на Турција, Исмаил Чатакли изјави дека иако пожарот брзо се проширил, немало човечки жртви.
„Потребните интервенции се спроведуваат под координација на Кабинетот за природни катастрофи и вонредни ситуации. Нема човечки жртви. И понатаму настојуваме да го изгаснеме пожарот“, напиша Чатакли на социјалните мрежи.