Meltem Bulur
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турција го подржува членството на Црна Гора во НАТО, но исто така сметаме дека и во другите земји кандидатите треба да остварат напредок кон членство, мислам на БиХ, Македонија и Грузија, изјави денес министерот за надворешни работи на Туција, Мевлут Чавушоглу во Анкара, по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу на прес конференцијата изјави дека денес е одржан и меѓуделегациски состанок на Турција и НАТО, и дека по тој повод се одржал говорот за односите на Турција и НАТО и актуелни прашања за илегални миграции и криумчарење луѓе.
Изјави дека зборувале и за престојниот самит на НАТО кој ќе биде одржан во јули оваа година во Варшава, како и за политиката на проширување на НАТО.
"Разговаравме и за политиката на проширување на НАТО. Позицијата на Турција по тоа прашање е јасна. Го подржуваме членството на Црна Гора во НАТО, но исто и другите земји кандидати треба да остварат напредок кон членството на НАТО. Зборувам за БиХ, Македонија и Грузија", изјави Чавушоглу.
Исто така нагласи дека со Столтенберг разговарал и за тоа што НАТО би можел да направи во борбата протв терористичката организација ДАЕШ во подрачјата на Ирак и Либија, и како може да помогне на земјите во околината, како што е Јордан, во која влијае делувањето на терористите од ДАЕШ.
Кога е во прашање ситуацијата во Либија, Чавушоглу изјави дека привремената влада во оваа земја се соочува со потешкотии како што е ДАЕШ.
"Заедно со НАТО можеме да пружиме поддршка во утврдување на силите кои ќе се борат со овој проблем, истакна Чавушоглу.
Турскиот министер изјави како го информирал Столтенберг за терористичката организација ПЈД-ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, велејќи како помеѓу ПЈД и ПКК нема ниаккви разлики.
"Одговорните за последни два напади во Анкара се обучувани во камповите на ЈПГ-ПЈД. Оваа организација има своја канцеларија во Москва. Нејзиниот симбол е секако познат. Во таа смисла, наместо да се верува на ваквите терористички организации, како што изјави Столтенберг, многу поефективно и подолготрајно во борбата против тероризмот би било реструктурирањето на локалните сили со поддршка на НАТО и сојузниците", изјави Чавушоглу.